• понеделник, 23 декември 2024

Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот

Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот

Загреб, 8 ноември 2023 (МИА) - Санитарната инспекција на Хрватска соопшти дека од пазарот се повлечени сите сомнителни пијалоци, откако неколку лица се затруле од минерална вода.

Заради заштита на здравјето на луѓето, односно постоењето сомнеж дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забрани на трговската компанија да ги става во промет и да фи повлече сомнителни производи.

Во тек е инспекциско испитување, а веднаш по добивањето на резултатите од санитарната инспекциска анализа ќе бидат преземени мерки пропишани со закон.

Седум лица во Хрватска досега побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводникот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалоци.

Труењата се случиле на подрачјето на Риека, Загреб и Вараждин. сд/

фото:Индекс.хр

Остани поврзан