• понеделник, 23 декември 2024

Хрватска: Пеѓа Грбин е четвртиот лидер на највлијателната опозициска СДП

Хрватска: Пеѓа Грбин е четвртиот лидер на највлијателната опозициска СДП
Загреб, 5 октомври 2020 (МИА) – Пеѓа Грбин е четвртиот претседател на највлијателната опозициска Социјалдемократска партија (СДП) во Хрватска, на местото на Давор Бернардиќ. По објавувањето на резултатите од вториот круг на внатрепартиските избори, Грбин повика на единство во партијата, која со години е поделена поради внатрешни конфликти. Грбин рече дека СДП, без оглед на тоа кој гласал, ќе биде обединета и ќе работи за иднината на Хрватска. Основач на СДП беше Ивица Рачан, го наследи сегашниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, а по него беше Давор Бернардиќ. - Да се биде претседател на СДП значи голема чест и одговорност и да се биде на чело на граѓанска и лева Хрватска и на оние прогресивни опции што нашата земја секогаш ја воделе напред. СДП отсекогаш била и ќе биде таква партија, рече Грбин, по изборите за претседател на СДП. Тој рече дека сака СДП во Хрватска да води јасна политика што ќе се грижи само за една работа, а тоа се реалните проблеми на Хрватите и начините на кои тие ќе се решат. - Не сакам политика на конфликти и судири, во која се расправаме и се караме, сакам политика во која создаваме, нагласи Грбин. Изборите во СДП беа спроведени по изборниот пораз на парламентарните избори и оставката на Бернардиќ. јт/

Остани поврзан