• петок, 22 ноември 2024

„Хрватска вечер“ на фестивалот „Поетски синтези - 2024“ во Битола

„Хрватска вечер“ на фестивалот „Поетски синтези - 2024“ во Битола

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Во рамки на 13. Меѓународен фестивал „Поетски синтези - 2024“ што беше отворен синоќа во Битола, денеска ќе се одржи „Хрватска вечер“. Промовирани ќе бидат книгите на Дарија Жилиќ, Диана Буразер, Валерио Орлиќ и Срџан Духовиќ, сите од Хрватска.

Фестивалот почна со доделување на наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна која ја доби хрватскиот поет Валерио Орлиќ, а ЗГ „Нова“ ја додели наградата „Поетски хоризонти“ на хрватската поетеса Диана Буразер за најзината книга „Рајски јаболка“ како најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението „Нова“ од Битола.

 „Поетски синтези - 2024“ се одржува во Домот на културата. Го отвори претседателката на Здружението за наука и култура „Нова“ Мирјана Стојановска. Со своја поезија се претставија 15 поети од Хрватска, Италија, Црна Гора, како поети од Битола, Скопје, Гостивар и Ресен. Во музичкот дел се претставија дуото Александар Талевски на гитара и Билјана Талевска-вокал со арија од Џузепе Џордани.

Фестивалот се организира под покровителство на Министерството за култура и општина Битола. мч/мд/

фото: Фестивал „Поетски синтези“

Остани поврзан