• понеделник, 23 декември 2024

Хрватот Петровиќ ја напушти клупата на Бразил

Хрватот Петровиќ ја напушти клупата на Бразил
Рим, 15 септември 2021 (МИА) – Хрватскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ (62) веќе не е селектор на репрезентацијата на Бразил, со која не успеа да избори настап на Олимписките игри во Токио ова лето. - Во последните две недели многу размислував за тоа, а за време на вообичаената прошетка во понеделникот донесов конечна одлука. Телефонски разговарав со претседателот на Бразилската федерација и му го образложив мојот избор. Се разбравме, изјави Петровиќ за италијанските медиуми. Петровиќ ја предводеше бразилската репрезентација од есента 2017 година, а кариерата ја продолжува во италијанскиот прволигаш Пезаро. ег/паг/

Остани поврзан