Храмова слава на Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола
- Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, изграден во 1830 година во Битола, синоќа и денеска, одбележува храмова слава, која почна со празнична вечерна богослужба, а продолжи утрово со празнична света архиерејска литургија.
Битола, 8 ноември 2023 (МИА) - Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, изграден во 1830 година во Битола, синоќа и денеска, одбележува храмова слава, која почна со празнична вечерна богослужба, а продолжи утрово со празнична света архиерејска литургија.
Годинава храмовата слава е збогатена со гостување и празничен концерт на хорот „Прво белградско пејачко друштво“ („Прво београдско певачко друштво“), кое како што беше речено, во Битола гостува со благослов на српскиот патријарх Порфириј.
-Сакам да искажам благодарност до српскиот патријарх господин Порфириј кој покажа најголема смелост од сите досегашни патријарси, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква за да бидеме признаени со сите помесни цркви и тоа под нашето уставно име Македонска православна црква – Охридска Аехиепископија. Исто така се заблагодарувам на овој хор кој вечерва приреди радост со убавото пеење, рече меѓудругото митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозландски г. Петар.
Хорот од Белград е основан во 1853 година, а од 2004 година го предводи Светлана Вилиѓ која како диригент заедно со членовите на хорот и солисти, исполнија дел од својот музички репертоар. мт/мд/
Фото: ППЕ