• понеделник, 23 декември 2024

Хоџа: Се додаваат по два денара од винарските визби за достигнување на договорените цени

Хоџа: Се додаваат по два денара од винарските визби за достигнување на договорените цени
Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Овие денови заедно со премиерот Зоран Заев сме работеле интензивно за изнаоѓање на решение и во разговор со винарските визби успеавме да најдеме решение со тоа што се договоривме уште вечерва сите винарски визби да ги истакнат следните цени: „смедеревка“ 10 денари/кг и „вранец“ 12 денари/кг, информира министерот за а земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
Хоџа во објавата на својот фејсбук профил посочува дека на сите лозари што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка, односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени.
- Како и што ветивме дополнителните 2 денари за предадено грозје ќе важат и за ова реколта, со тоа што разгледуваме можност за дополнителна подршка која заедно со здруженијата на лозарите ќе треба да ги дискутираме на следниот состанок што ќе се одржи во петок во МЗШВ. Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате, напиша Хоџа.
Тој изразува благодарност до премиерот Зоран Заев за неговата подршка и вклученост во целата дебата за изнаоѓање на најдобро можно решение на проблемите на лозарите.
Хоџа посочува дека како Влада остануваат посветени да бидат меѓу земјоделците и за сите проблеми да наоѓаме најдобри можни решенија.
Винариите пред неколку дена ги објавија откупните цени на грозјето, според кои 11 денари беа предвидени за „смедеревка“ и 12 денари за „вранец“.фф/лв/

Остани поврзан