• недела, 22 декември 2024

Хоџа: Државата ќе проценува кои парцели може да се пренаменат од земјоделски во градежни

Хоџа: Државата ќе проценува кои парцели може да се пренаменат од земјоделски во градежни
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Доколку државата цени дека не треба да се дозволи пренамена на земјиштето, доколку не е во согласност со законите, било кој и да биде министер или било која да биде Влада нема да се дозволи тоа, рече министерот за земјоделство, Аријант Хоџа вечерва  во гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма, објаснувајќи го членот со кој се предвидува пренамена на купеното земјоделско земјиште со новиот Закон за продажба на земјоделското земјиште. Пренамената на земјоделското земјиште се предвидува со Закон за земјоделско земјиште. Доколку еве после 10 години завршува, странката бара да се пренамени. Не може врз основа на овој закон да го пренамени. Ќе треба да поднесе барање врз основа на Закон за земјоделско земјиште и Законот за урбанизам. Потоа  министерството за транспорт и министерството за земјоделство одлучуваат за пренамена. Тука е заштитниот механизам, доколку Министерството за земјоделство каже дека не дозволува пренамена на тоа земјиште, нема шанси да се пренамени, појасни министерот Хоџа. Тој објасни дека и во моментов има Закон за продажба на земјоделско земјиште од 2013 година, кој има многу неусогласувања, недоречености и системски проблеми. -Овој закон што се изготвува сега е изработен по физибилити студија изработена од експерти кои работеле на ФАО проекти. Законот е во рана фаза и бидејќи станува збор за осетлива тема, очекувани се реакциите. Ќе следат најмалку 2-3 јавни дебати, па потоа ќе следува собраниската процедура. Законот ќе оди во редовна процедура и сите аргументирани коментари ќе бидат дискутирани, рече  Хоџа. Како што наведе, за купување земјоделско земјиште со новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште инвеститорот ќе треба да достави и бизнис план за тоа како ќе го користи земјиштето и доколку не се придржува до него, државата има право да го раскине договорот. Според министерот Хоџа, нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат. Објасни дека законот предвидува и продажба на земјоделско земјиште за стратешки инвестиции кои ги одобрува Собранието. -Стратешка инвестиција се применува Законот за стратешки инвестиции, тука се дава можност дека може да се употреби и земјоделско земјиште. Знаеме дека минимален износ за стратешка инвестиција е 30 милиони евра, рече Хоџа.мд/лв/

Остани поврзан