Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем
- Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер и изрази благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.
Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер и изрази благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.
Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Хоџа истакна дека во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, оваа поддршка е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем, во корист на граѓаните на Западен Балкан и Европа.

Министерот Хоџа истакна дека ги поздравува напорите на Германија за поддржување на енергетската транзиција во регионот, преку тесна соработка со Европската комисија и европските финансиски институции со цел зајакнување на инвестициите во чиста и одржлива енергија.
- Таа посветеност беше дополнително потврдена на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана, со потпишување на Заедничката декларација за намера за Регионално климатско партнерство меѓу лидерите на шесте земји од Западен Балкан и Германија, се наведува во соопштението. мд/вј/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање