• понеделник, 23 декември 2024

Хотелските карантини во Австралија доведоа до 768 смртни случаи

Хотелските карантини во Австралија доведоа до 768 смртни случаи
Мелбурн, 28 сепетември 2020 (МИА) - Системот на хотелски карантини воведен кон крајот на март во австралиската држава Викторија поради пандемијата со новиот коронавирус одговорен е за 18.418 регистрирани случаи на зараза и 768 смртни случаи, се наведува во соопштението по двомесечната истрага. Со истрагата е утврдено и дека системот на карантин во хотелите, предвиден да го заштити населението од зараза е воведен во прекраток рок, за помалку од два дена. На сослушувањата во рамките на истрагата утврдено е дека обезбедувањето на хотелите немале адекватна лична заштитна опрема, а исто така заштитната опрема по употребата не била скалдирана на соодветен начин. ми/

Остани поврзан