• понеделник, 14 октомври 2024

Хоспитализиран легендарниот италијански фудбалер Скилачи

Хоспитализиран легендарниот италијански фудбалер Скилачи


Рим, 9 септември 2024 (МИА) – Легендарниот италијански фудбалер и најдобар стрелец на Мундијалот 1990, Салваторе Скилачи, кому во 2022 година му беше дијагностициран рак на дебелото црево, е примен во болница, објави денеска неговото семејство.
Легендарниот италијански напаѓач Салваторе Скилачи познат како Тото е во стабилна состојба во болница во Палермо, се наведува во соопштението.
„Со оглед на безбројните повици од медиумите и непријатните гласини кои кружат, појаснуваме дека нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и е деноноќно следен од стручен тим лекари“, се вели во соопштението на неговото семејство на социјалните мрежи.
Поранешниот напаѓач на Месина, Јувентус, Интер и Јубило Ивата во Јапонија, Скилачи постигна седум голови на 16 натпревари за италијанската репрезентација. Шест од тие голови беа постигнати на Светското првенство во 1990 година што се одржа во Италија, со што стана најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан