• вторник, 13 јануари 2026

Хорхе Родригез повторно избран за претседател на Националното собрание на Венецуела

Хорхе Родригез повторно избран за претседател на Националното собрание на Венецуела

Каракас, 5 јануари 2026 (МИА) - Хорхе Родригез, брат на вршителката на должноста претседателка на Венецуела Делси Родригез, денеска е реизбран за претседател на Националното собрание, на првата седница на новиот парламент по парламентарните избори одржани во мај 2025 година, кои беа бојкотирани од голем дел од опозицијата.

Шеесетгодишниот Родригез, кој важи за главен преговарач со САД и една од водечките фигури во венецуелската влада, која беше насилно соборена од страна на САД во саботата, по спектакуларна воена операција.

Владејачката партија освои 256 од вкупно 286 пратенички места, додека на изборите учествуваа само неколку опозициски политичари.

На денешната парламентарна седница, Хорхе Родригез изјави дека ќе ги искористи „сите расположливи процедури“ за да го обезбеди враќањето на Николас Мадуро во Венецуела.

- Мојата главна задача во наредните денови, како претседател на ова Национално собрание, ќе биде да ја искористам секоја процедура, секоја говорница и секој простор за да го вратам Николас Мадуро Морос – мој брат, мој претседател, изјави Родригез.

Во меѓувреме, венецуелските власти издадоа вонредна наредба полицијата да ги пребарува и приведува сите лица кои ги поддржале американските напади извршени во саботата. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан