• понеделник, 23 декември 2024

Хорнер: Верстапен понекогаш може да биде жесток, но тој е страстен за својата работа

Хорнер: Верстапен понекогаш може да биде жесток, но тој е страстен за својата работа

Спа, 27 јули 2024 (МИА) - Директорот на Ред Бул, Хорнер зборуваше за стабилизација на односите во тимот. Тој истакна дека Макс Верстапен и неговиот инженер за трка, Џанпјеро Ламбијасе, заедно со остатокот од тимот, ги решиле сите недоразбирања што настанаа на Големата награда на Унгарија.

Во Будимпешта, преку тимското радио настана жестока вербална комуникација меѓу возачот и луѓето во боксот.

- Со Макс работиме веќе осум години. Знаеме дека понекогаш може да биде брз на јазик. Го обземаат емоциите и е страстен за својата работа. Кога е вознемирен понекогаш му излетуваат такви изрази. Сигурен сум дека ако им ставите микрофони на играчите од англиската Премиер лига, ќе слушнете дека и тие слично реагираат. Проблемот со нашиот спорт е што сега микрофоните се постојано вклучени. Јасно е дека не е секогаш пријатно да се слушаат тркачите, но тие се само многу страсни за она што го прават, изјави Хорнер.

Утре на Спа ќе се вози трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан