• среда, 27 ноември 2024

Холштајн: Случувањата во Украина сe еден од најтемните часови во нашите животи

Холштајн: Случувањата во Украина сe еден од најтемните часови во нашите животи
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - За сите нас ова e еден од најтемните часови во нашите животи. Никој не можеше да замисли дека ова навистина би можело да се случи овде во Европа, изјави амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн коментирајќи ја ситуацијата во Украина. - Како членка на ЕУ, како претседавач со Г7 и како НАТО сојузник остануваме заедно во блиска соработка со сите наши партнери и ќе се обидеме да осигураме дека како партнери ќе продолжиме да одлучуваме заеднички за сите чекори, изјави амбасадорката Холштајн, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Украина пред промоцијата на два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“ и „Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“. Таа за официјалниот став на Берлин упати на изјавите што германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на дипломатијата рано утрово веќе ги дадода за состојбата во Украина. Канцеларот Шолц  ја оквалификува руската воена операција во Украина како „еклатантно кршење“ на меѓународното право во „црн ден“ за Европа. - Германија најостро го осудува овој бескрупулозен чин на претседателот Путин. Нашата солидарност е со Украина и нејзиниот народ, додаде тој во изјавата и ја повика Москва „веднаш“ да ја прекине воената операција. вг/нд/

Остани поврзан