• петок, 05 декември 2025

Холивудскиот продуцент Питер Рајс назначен за водител на церемонијата на ОИ 2028

Холивудскиот продуцент Питер Рајс назначен за водител на церемонијата на ОИ 2028

 

Лос Анџелес, 23 јули 2025 (МИА) – Ветеранот во филмската и медиумската индустрија, Питер Рајс (59), е именуван за раководител на церемониите и програмските содржини на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, објавија денеска организаторите.

Рајс извршуваше високи оперативни позиции во поранешните „21st Century Fox“ и „Walt Disney Co.“, а сега се сели во нова област – спортот.

Ова ќе биде првпат голема холивудска фигура да ја надгледува креативната продукција на Олимписките и Параолимписките игри.

„Нашите церемонии ќе ја доловат енергијата, иновативноста и креативноста на Лос Анџелес, како и емоциите што постојат во срцето на секои Олимписки игри“, рече Рајс, која ќе биде главен извршен продуцент на церемонијата на отворање и затворање во Лос Анџелес.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан