Холандскиот филм „Млеко“ победник на седмото издание на „Beach film festival Ohrid 2024“
- Холандската драма „Млеко“ на режисерката Стефани Колк ја освои наградата „Голем бран“ за најдобар филм на 7-то издание на Фестивалот на филмот на плажа „Beach film festival“ што се одржа во Охрид
Охрид, 24 јули 2024 (МИА) - Холандската драма „Млеко“ на режисерката Стефани Колк ја освои наградата „Голем бран“ за најдобар филм на 7-то издание на Фестивалот на филмот на плажа „Beach film festival“ што се одржа во Охрид
Хрватскиот филм „Пеликан“ на Филип Хераковиќ доби Специјално признание во официјалната конкуренција.
Наградата „Мал бран“ за краток филм ја доби литванскиот „Како да се биде човек“ во режија на Јоре Јанаваичиуте, додека македонскиот краток филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова доби Специјално признание.
На фестивалот во Охрид на четири атрактивни локации еа прикажани вкупно 47 филмови. Фестивалот се одржа со поддршка на Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Охрид. аб/дма/
фото: МИА