• петок, 22 ноември 2024

Холандскиот премиер нема да оди на Баку поради неодамнешните немири во Амстердам

Холандскиот премиер нема да оди на Баку поради неодамнешните немири во Амстердам

Амстердам, 9 ноември 2024 (МИА) – Холандскиот премиер Дик Схоф денеска изјави дека нема да присуствува на самитот на ОН за климата, ЦОП29 во Азербејџан, поради неодамнешните судири меѓу пропалестинските демонстранти и израелските навивачи во Амстердам.

Схоф требаше да присуствува на состанокот на ЦОП29 во Баку во вторник и среда.

Тој ќе разговара со членовите на кабинетот за насилството во Амстердам на состанокот на владата в понеделник, а во вторник ќе се сретне со еврејските организации за да разговара за борбата против антисемитизмот.

Фудбалските навивачи на Макаби Тел Авив, во четвртокот наводно се судриле со пропалестинските демонстранти, запалиле палестинско знаме и запалиле такси, наводно извикувајќи антиарапски навреди.

Полицијата во Амстердам соопшти дека 10 лица се во притвор по нападот врз навивачите на фудбалскиот тим Макаби Тел Авив.

Пет лица се хоспитализирани, а 63 се уапсени.

Судирите се случиле на неколку локации во Амстердам, а полицијата неколку пати интервенирала за да ги заштити израелските навивачи, ги следела до хотелот и спречила натамошно насилство.

Пропалестинските демонстранти наводно извикувале „ослободете ја Палестина“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан