• среда, 27 ноември 2024

Холандија ќе ја озакони еутаназијата на деца

Холандија ќе ја озакони еутаназијата на деца
Хаг, 14 октомври 2020 (МИА) - Холандскиот министер за здравство Хуг де Јонге најави озаконување на еутаназијата на деца од една до 12 години, кои се во крајна фаза на неизлечива болест. Во Холандија озаконета е еутаназијата на лица над 12 години, кои можат да дадат согласност, како и на бебиња до една година со согласност од родителите. Но, се уште не е озаконета еутаназијата на деца до 12 години, бидејќи не можат сами да донесат одлука. - Истражувањата покажуваат дека на лекарите и на родителите на неизлечиво болните деца им неопходно да се озакони еутаназија на деца, кои многу стртадаат и во догледно време ќе починат, се наведува во писмото на Де Јонге испратено до Парламентот. Во 2002 година Холандија и Белгија станаа први држави во кои е озаконета еутаназијата. Белгија во 2014 година прва ја легализира доброволната еутаназија на деца, а набрзо и Холаднија госледеше нејзиниот пример. ми/

Остани поврзан