• петок, 22 ноември 2024

Холандија ќе испрати воен брод на Кипар за да обезбеди помош за Газа

Холандија ќе испрати воен брод на Кипар за да обезбеди помош за Газа

Аматердам, 8 ноември 2023 (МИА) - Холандија организираше испраќање воен брод на островот Кипар во источниот дел на Средоземното Море, кој ќе се користи во операциите за хуманитарна помош за Појасот Газа, јави ДПА.

Воениот брод може да се користи и за евакуација, изјави денеска холандската министерка за одбрана Каиса Олонгрен.

Кипар се обидува да обезбеди поморски коридор со постојан проток на хуманитарни резерви во Газа, каде што се одвива воениот конфликт меѓу Израел и исламистичката група Хамас.

Олонгрен рече дека ова е многу важна иницијатива и отпатува за Кипар за да разговара во оваа насока.

Воениот брод треба да исплови во средината на ноември и да пристигне на Кипар 10 дена подоцна. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан