• недела, 22 декември 2024

Холандија ќе го бојкотира Конгресот на Меѓународната гимнастичка федерација поради учеството на Русија и Белорусија

Холандија ќе го бојкотира Конгресот на Меѓународната гимнастичка федерација поради учеството на Русија и Белорусија
Амстердам, 18 октомври 2022 (МИА) - Холандската гимнастичка асоцијација (КНГУ) ќе го бојкотира Конгресот на Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ) во Истанбул поради учество на претставници на Русија и Белорусија. Според „Inside the Games“, претседателката на КНГУ Моник Кемф испратила писмо со соодветна изјава до претседателот на ФИГ, Моринари Ватанабе. Од 11 до 12 ноември во Истанбул ќе се одржи Конгресот на Меѓународната гимнастичка федерација. Првично, настанот требаше да се одржи во Норвешка, но земјата одби да биде домаќин на конгресот поради препораките на Норвешкиот олимписки комитет и норвешкото Министерство за култура да не покануваат претставници и делегати од Русија и Белорусија. Холандија стана седмата земја која го бојкотира Конгресот на ФИГ. Пред ова, Норвешка, Украина, Полска, Естонија, Литванија и Италија одбија да учествуваат. зс/

Остани поврзан