• четврток, 21 ноември 2024

Ховениер ги повика Косово и Србија да ги исполнат обврските и посериозно да го сфатат дијалогот

Ховениер ги повика Косово и Србија да ги исполнат обврските и посериозно да го сфатат дијалогот

Приштина, 25 септември 2024 (МИА) – Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, порача дека Косово и Србија мора без одлагање да ги спроведат обврските што произлегуваат од бриселскиот дијалог, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на Косовскиот самит за мир и демократија, насловен „Радикални реалности: етно-политичка динамика и евроатлантска интеграција на Западен Балкан“, Ховениер рече дека САД го поддржуваат Косово во неговите аспирации за членство во Европската унија и НАТО.

– Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, порача дека Косово и Србија мора без одлагање да ги спроведат обврските што произлегуваат од бриселскиот дијалог, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Нашата порака е јасна: потребна е посветеност за нормализација на односите Косово-Србија со крајна цел взаемно признавање. Ова останува јасна намера на САД... Очекуваме двете влади да постапат во согласност со сите преземени обврски во дијалогот. Очекуваме сериозно да го сфатат дијалогот. Една од работите што ме изненадува е оваа претпоставка на различни актери во Косово дека има и друг пат освен дијалогот“, рече Ховениер.

Американскиот амбасадор ја истакна потребата од почитување на правата на малцинствата во Косово и нагласи дека е потребна нова, поенергична посветеност на дијалогот.

„Она што ни треба е сериозност и цел во дијалогот. Потребен е нов, поенергичен пристап од двете страни. Најуспешните преговарачи секогаш размислуваат за ситуација 'победа-победа'. Тие размислуваат како да добијат нешто, но и нивниот колега да добие нешто за да бидат задоволни. Тоа е процес. САД сакаат да го видат ова, но без да ги загрозат темелите на Косово. Секоја промена на суверенитетот, независноста или територијалниот интегритет или демократијата на Косово нема да биде победа. Но, не е победа ниту кога не се почитуваат правата на малцинствата“, рече Ховениер. иа/

Остани поврзан