• понеделник, 25 ноември 2024

Хисени од „Влен“: Повиците на ДУИ за ветинг се само манипулација за да создадат илузија на транспарентност

Хисени од „Влен“: Повиците на ДУИ за ветинг се само манипулација за да создадат илузија на транспарентност

Скопје,19 август 2024 (МИА) - Повиците на ДУИ за ветинг се само манипулација за да создадат илузија на транспарентност, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Коалицијата „Влен“, Фари Хисени. 

-Кога ДУИ зборува за пријавување на криминалите во обвинителството, секогаш се потпира на своите луѓе инсталирани во системот. ДУИ и нејзините сателити, како партија со луѓе на американската црна листа, треба да се реформира за да се ослободи системот од криминалните кланови и конечно граѓаните да добијат заслужена правда, рече тој.

СООПШТЕНИЕ: Признавањето на вината од г. Мемети, заедно со судијата на Врховниот суд, г. Наќе Георгиев, за мито од 10 илјади евра, со цел намалување на казната на поранешниот градоначалник на

Хисени потенцира дека ДУИ веќе една недела молчат за случајот со Иџет Мемети и Наќе Георгиев, нивни кадри кои, како што рече, се фатени на дело со корупција и соработка.

-Овој случај јасно покажува како функционира октоподот на криминалот и корупцијата во оваа држава. Прво се негираат обвинувањата, а потоа, кога не можат да ги сокријат доказите, тука е „абазиското“ обвинителство за да ги среди работите. Во овој контекст, му упатуваме јавно прашање на обвинителот Ислам Абази: Дали треба да има олеснителни околности за лица кои требало да ја спроведат правдата? Иџет Мемети, кој имал важни позиции за време на 22-годишниот режим на ДУИ и Наќе Георгиев, судија на Врховен суд, се персонификација на октоподот на криминалот и корупцијата во судството. Како коалиција, со право поставуваме јавни прашања: 1.Колку други случаи ДУИ организирале со овие два лица кои сега се познати за нас?, праша портпаролот на „Влен“.

Хисени нагласи дека „Влен“ секогаш ќе се ангажира за праведен и некорумпиран систем. Посочи дека тие ќе продолжат да работат за да осигурат дека правдата ќе биде воспоставена и оти секоја злоупотреба ќе се третира сериозно.фф/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан