• понеделник, 23 декември 2024

Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН

Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН
Вашингтон, 14 ноември 2020 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната кандидатка за претседател и државна секретарка Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во ОН. Хилари Клинтон моментно е главен кандидат на Бајден за амбасадорска функција, пишува „Индипендент“. Бајден веќе почна да составува тим за борба против коронавирусот, а наскоро ќе мора да избере и членови на администрацијата. Разговорите за формирање администрација се во тек, без разлика дали Трамп ќе одбие да го признае поразот на изборите, додава весникот. гт/

Остани поврзан