• недела, 30 јуни 2024

Хеунг-Mин се израмни со Роналдо по бројот на хет-трикови во Премиер лигата

Хеунг-Mин се израмни со Роналдо по бројот на хет-трикови во Премиер лигата
Лондон, 18 септември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин вчеравечер постигна три гола на натпреварот од 8. коло на шампионатот на Англија против Лестер (6:2). Кореецот по трет пат во кариерата постигна три гола на еден натпревар во Премиер лигата. Фудбалерот во оваа статистичка каатегорија се израмни со Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед. Рекордот за најмногу хет-трикови во Премиер лигата го држи поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро (12). Тотенхем е на делба на првото место во Премиер лигата со Манчестер сити, пред Арсенал кој има 15 бодови и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан