Хендерсон се враќа во Премиер лигата
- Англиски репрезентативец и долгогодишен капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ги напушти редовите на холандски Ајакс и ќе се врати во Премиер лигата како нов фудбалер на Брентфорд, јавија денеска британските медиуми
Лондон, 11 јули 2025 (МИА) – Англиски репрезентативец и долгогодишен капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ги напушти редовите на холандски Ајакс и ќе се врати во Премиер лигата како нов фудбалер на Брентфорд, јавија денеска британските медиуми.
Како што објави „Скај“, трансферот бил дискутиран минатиот викенд, а 35-годишниот англиски фудбалер ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон вчера го раскина договорот со Ајакс со заемна согласност и го напушти холандскиот клуб по година и пол.
Трансферот во Брентфорд е враќање во Премиерлигата за поранешниот капитен на Ливерпул во кој Хендерсон мина 12 сезони.
Хендерсон има 84 настапи за репрезентацијата на Англија во која се врати оваа година под водство на новиот селектор Томас Тухел. ег
ФОТО: ЕПА