• петок, 05 декември 2025

Хендерсон: Два трофеи за три месеци, неверојатно чувство

Хендерсон: Два трофеи за три месеци, неверојатно чувство

Лондон, 11 август 2025 (МИА) - Голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, е пресреќен за победата (2:2, 3:2 на пенали) над Ливерпул во синоќа во „ФА Комјунити Шилд“.

- Неверојатно е. Излеговме на теренот знаејќи дека тие се фаворити, имаат неверојатни играчи, тие се одличен тим. Два трофеја за три месеци. Неверојатно чувство. Нека продолжиме приказната. Ги сакам големите моменти. Го сакам тој притисок, изјави Хендресон за британските медиуми.

Дваесет и осумгодишниот голман одбрани два удара во пенал-серијата.

Лондонскиот клуб го освои ФА Комјунити Шилд за прв пат во својата историја. Исто така, го освои и ФА Купот во сезоната 2024/25. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан