Хеликоптер падна на кровот од хотел во Австралија, пилотот загина, две лица повредени, 400 евакуирани
- Едно лице загина, најмалку двајца се повредени, а околу 400 се евакуирани кога хеликоптер ноќеска падна на покривот на хотел во австралиската држава Квинсленд.
Канбера, 12 август 2024 (МИА) - Едно лице загина, најмалку двајца се повредени, а околу 400 се евакуирани кога хеликоптер ноќеска падна на покривот на хотел во австралиската држава Квинсленд. Според австралиските медиуми, загинал пилотот на хеликоптерот.
-Полицијата прогласи вонредна состојба околу хотелот DoubleTree by Hilton на шеталиштето во Кернс и евакуираше до 400 луѓе по несреќата, која се случи околу 02:00 часот, изјави портпаролката на службата за брза помош во Квинсленд (QAS).
Два пропелери на хеликоптерот паднале на патеката и во хотелскиот базен, објавија австралиските медиуми.
Две лица од зградата се пренесени во болницата Кернс во стабилна состојба. Засега не се знае колку луѓе имало во хеликоптерот и во каква состојба се. мс/
фото: ЕПА