• понеделник, 23 декември 2024

Хезболах ја ракетираше израелската воена разузнавачка база Глилот, во близина на Тел Авив

Хезболах ја ракетираше израелската воена разузнавачка база Глилот, во близина на Тел Авив

Бејрут, 8 октомври 2024 (МИА) - Либанското милутантно движење Хезболах доцна синоќа соопшти дека истрелало „бараж ракети“ врз главната израелска воена разузнавачка база во близина на Тел Авив.

Хезболах го посвети овој напад на својот лидер Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад на крајот на септември.

Во соопштението оваа проиранска формација наведе дека „испукала салва од ракети кон базата Глилот“.

Во оваа воена разузнавачка база, според израелските медиуми, е сместено и седиштето на Мосад, израелската надворешна разузнавачка служба.

Проиранското исламистичко движење Хезболах претходно објави дека оваа база ја гаѓале и во август и октомври.

Тел Авив е одалечен 580 километри од либанската граница.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан