• среда, 16 октомври 2024

Хезболах тврди дека соборил два израелски дрона „Хермес 450“

Хезболах тврди дека соборил два израелски дрона „Хермес 450“

Бејрут, 16 октомври 2024 (МИА) - Либанскиот Хезболах, кој веќе три недели е во отворена војна со Израел, соопшти дека соборил уште еден „израелски дрон од типот Хермес 450“.

Според оваа проиранска милитантна организација, тој дрон бил виден „во пламен“ на израелската страна на границата.

Хезболах сега споменува „непосредни судири“ со израелските војници, кои почнаа со копнени напади на 30 септември во јужен Либан, кој граничи со северен Израел.

Оваа организација известува дека тие секојдневно го напаѓаат Израел со ракети и дронови.

Израел, од друга страна, го засили бомбардирањето на Либан, а неговите беспилотни летала постојано се во воздушниот простор на земјата.  паг/

Фото: Википедија



 

Остани поврзан