• недела, 22 декември 2024

Хезболах тврди дека нападнале израелска воена база како одговор за смртта на неколку нејзини борци

Хезболах тврди дека нападнале израелска воена база како одговор за смртта на неколку нејзини борци

Бејрут, 17 април 2024 (МИА) - Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со балистички ракети и беспилотни летала врз израелска воена база во Арапскиот Ал Арамше.

Според групата, нападот бил одговор на вчерашното убиство на најмалку тројца членови и команданти на Хезболах во јужен Либан од страна на Израел.

Израел објави дека има неколку ранети во нападите што ги изврши Хезболах трет ден по ред.

За време на денешниот напад кај селото Араб Ал Арамше во северниот дел на Израел, повредени се 14 лица, од кои двајца потешко, соопшти болницата Нахарија.

Израелската војска истакна дека е регистриран „отстрел што доаѓа од Либан во арапската област Ал Арамше“, додавајќи дека е бомбардирано местото од каде доаѓа огнот, како и воен комплекс на Хезболах во Аита ал Шааб во јужен Либан.

Од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, Хезболах извршува секојдневни напади против Израел како поддршка на своите сојузници од палестинското исламистичко движење. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан