• недела, 22 декември 2024

Хезболах со реакција за првата годишнина од нападот на Хамас : Во регионот нема место за Израел

Хезболах со реакција за првата годишнина од нападот на Хамас : Во регионот нема место за Израел

Бејрут, 7 октомври 2024 (МИА) - Хезболах преку соопштение се осврна на првата годишнина од нападот на Хамас врз Израел, во кое уште еднаш ја изрази својата верба во нивната способност да ја „одбие израелската агресија“ и вети дека ќе ја продолжи борбата.

Вооружената група, чие седиште е во Либан, е сојузник со Хамас, а двете милитантни организации се поддржани и финансирани од Иран.

Хезболах ги опиша настаните од 7 октомври како „херојски“, истакнувајќи дека тие ќе имаат „историски“ ефекти во регионот.

Движењето во соопштението додаде дека за Израел „нема место“ во регионот и дека тој „мора да биде отстранет, без разлика колку време е потребно“.

Тоа ги обвини „САД и нивните сојузници“ за насилството во Газа и Либан, што следеше по нападите на Хамас.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан