• понеделник, 23 декември 2024

Хезболах: Договорот за примирје со Израел мора да доведе до итен прекин на борбите во Либан

Хезболах: Договорот за примирје со Израел мора да доведе до итен прекин на борбите во Либан

Бејрут, 20 ноември 2024 (МИА) – Официјалниот претставник  на либански Хезболах Махмуд Кмати денеска изјави дека секој договор за примирје со Израел, постигнат со посредство на САД, мора брзо да ги прекине борбите и да го зачува суверенитетот на Либан.

Изјавата на Кмати се смета за одговор на позицијата на Израел дека ќе продолжи со нападите врз Хезболах дури и во случај на прекин на огнот, посочуваат британските медиуми.

Во интервју за телевизијата Хезболах, Ал-Манар, Кмати истакна дека не е ниту преголем оптимист ниту претерано песимист за можностите за постигнување примирје.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан