• сабота, 23 ноември 2024

Хезболах тврди дека крај јужната граница на Либан соборил израелски дрон

Хезболах тврди дека крај јужната граница на Либан соборил израелски дрон

Бејрут, 26 јуни 2023 (МИА) - Либанската екстремистичка организација Хезболах денеска соопшти дека нејзините борци во близина на границата и над јужен Либан собориле израелско беспилотно летало.

Детали не се објавени и не е познато каков тип на беспилотно летало е соборено во близина на селото Зибкина, северно од границата со Израел. 

Израел засега не излезе со коментар на тврдењето.

Инцидентот се случил по неколкунеделната тензија долж либанско-израелската граница, главно во спорната област „Шеба фарм“.

На почетокот на овој месец, израелските војници долж границата испукаа солзавец за да растераат десетици либански демонстранти кои фрлаа камења врз нив.

Либанците тогаш демонстрираа на обронците на ридот Кфар Шуба, за кој Бејрут тврди дека е либанска земја под израелска окупација.

Ридот и блиските „Фарми Шеба“ беа освоени од Израел во војната во 1967 година, а Либан тврди дека на нив полага право на сопственост.

Израелските медиуми на почетокот на јуни објавија дека Хезболах таму подигнал два шатори „на израелска територија“. Хезболах тогаш не коментираше.

Проиранската шиитска организација претходно тврдеше дека соборила израелски дронови, а израелската војска соопшти дека соборила беспилотни летала на Хезболах.

Израелските лидери го сметаат Хезболах за најсериозна непосредна закана, со проценката дека располага со околу 150.000 ракети и проектили насочени кон еврејската држава. сд/

Остани поврзан