• петок, 20 декември 2024

Хебстрајт: Германија го честита чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа

Хебстрајт: Германија го честита чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа

Берлин, 19 март 2023 (МИА) - Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт денеска изјави дека Германија честита, како што наведе, на чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа.

„Сега се работи за преземање на водството за одржување и спроведување на договореното“, напиша тој на Твитер.

Хебстрајт посочи дека Германија ќе биде со Белград и Приштина за да се исполни европската перспектива.

„Ви честитам на овој исчекор за поставување на односите меѓу Србија и Косово на нова основа. Сега се работи за преземање на водечката улога за одржување и спроведување на договореното. Ќе бидеме со вас за да ја исполниме вашата европска перспектива“, напиша тој. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан