• вторник, 24 декември 2024

Хајдај за падот на Лисичанск: Многу боли, но, не ја изгубивме војната

Хајдај за падот на Лисичанск: Многу боли, но, не ја изгубивме војната
Киев, 4 јули 2022 (МИА) - Украинскиот гувернер на источниот регион Луганск, Сергеј Хајдај денеска изјави дека руските сили откако го освоија Лисичанск, ќе го пренасочат фокусот на обид за окупација на регионот Доњецк. Сега Хајдај очекува на удар на Русите да бидат градовите Словјанск и Бакмут. - Во воена смисла, лошо е да се напуштат позициите, но, нема ништо критично во падот на Лисичанск. Мораме да победиме во војната, а не во борбата за Лисичанск. Ова многу боли, но, не ја изгубивме војната, смета Хајдај. Според него, повлекувањето на украинските борци од Лисичанск беше изведено „согласно со планот“, бидејќи имало опасност бранителите да бидат опколени. - За Русите, Доњецк сега е примарна цел. Словјанск и Бакмут ќе бидат нападнати. Всушност, Русите веќе почнаа жестоко да го гранатираат Бакмут, појасни Хајдај. бд/сд/

Остани поврзан