• среда, 25 декември 2024

Хасани: Се чувствуваме горди што успешно претседававме со Советот за безбедност

Хасани: Се чувствуваме горди што успешно претседававме со Советот за безбедност

Тирана, 1 октомври 2023 (МИА) - Албанија го заврши своето второ претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации, што го почна на први минатиот месец.

Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, рече дека „сме горди што успешно го водевме Советот за безбедност, во толку критично време, каде што се разговараше за деликатни теми, како што е Украина“.

Во фокусот, вели Хасани, била потребата да се почитува меѓународното право и Повелбата на ОН, како и забрзувањето на хуманитарната помош ширум светот.

„Албанија го заврши второто и последно претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации, чиј фокус беше итната потреба за поддршка на меѓународното право и Повелбата на ОН, како и забрзување на хуманитарната помош ширум светот. Горди сме што успешно го водевме Советот за безбедност во толку критично време“, напиша тој во објавата на X.

Албанија организираше отворена дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ОН насловена „Промовирање на јавно-приватно партнерство“. Средбата ја отвори премиерот на Албанија, Еди Рама, во присуство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и даде целосна поддршка на Украина.

Првпат Албанија со Советот за безбедност на Обединетите нации претседаваше од први јуни до први јули 2022 година. Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација, беше пизбрана на 11 јуни 2021 година. Мандатот го почна на први јануари 2022 и завршува на 31 декември годинава. вт/сд/

Остани поврзан