• петок, 05 декември 2025

Хасани во Таормина: Проширувањето на ЕУ, стратешки избор за мир, не може да биде комплетна без Западен Балкан

Хасани во Таормина: Проширувањето на ЕУ, стратешки избор за мир, не може да биде комплетна без Западен Балкан

Тирана, 19 јуни 2025 (МИА) - Албанскиот  министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на министерската конференција, по повод 70-годишнината од Конференцијата во Месина, што се одржува во Таормина, Италија, порача дека "проширувањето на ЕУ е стратешко решение за мирот".

Според него овој датум „не само што треба да се памети, туку треба да се ревитализира со својата амбиција".

-Посакувам оваа 70-годишнина да биде повеќе од  сеќавање. Треба да биде повик за храброст. Треба да нè потсети дека ЕУ не е завршена - таа сè уште се формира и дека проширувањето не е товар - тоа е ветување. Ветување за мир, за достоинство, за континент кој одбива да биде поделен помеѓу центри и периферии, помеѓу поранешни и идни членки. Дека проширувањето не е административен процес, туку стратешки избор за мир. И дека Европа не може да биде комплетна без Западен Балкан, рече тој, објавија албанските медиуми.

Задржувајќи се постигнатите успеси на неговата земја  на евроинтегративниот пат изјави дека патувањето на Албанија е поврзано со "патувањето на нашиот регион, бидејќи нашата земја продолжува да игра конструктивна улога - промовирајќи дијалог, поддржувајќи регионални иницијативи и цврсто стоејќи зад европските вредности". 

-Нашата цел е јасна: затворање на преговорите до 2027 година и членство во ЕУ до крајот на деценијата. Посветеноста на Албанија кон ЕУ е непоколеблива. Но, посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан мора да биде и веродостојна, додаде министерот Хасани.

На дводневниот настан учествуваат министри за надворешни работи од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство. Темата на конференцијата е иднината на Европската Унија и европската интеграција во контекст на актуелните геополитички предизвици. вт/
Фото: ФБ Хасани

Остани поврзан