• понеделник, 23 декември 2024

Украинскиот град Харков е без струја и греење по руското ракетирање

Украинскиот град Харков е без струја и греење по руското ракетирање

Киев, 22 март 2024 (МИА) - Вториот по големина украински град Харков, во близина на границата со Русија, е без струја и греење по синоќешните руски напади во кои е тешко оштетена енергетската инфраструктура, објави на Телеграм, градоначалникот Игор Терехов. 

Тој рече дека Русите синоќа го погодиле тој град со повеќе од 20 ракети и дека тоа е „најсилниот напад“ од почетокот на војната пред две години.

Градоначалникот рече дека водоводот фунцкионира, но притисокот е минимален.

Русија синоќа ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со 90 проектили и 60 експлозивни беспилотни летала на земјата - велат украинските власти.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека нападите биле насочени кон „електрани, далноводи, брана на една хидроелектрана, станбени згради“.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две лица загинале, а осум се повредени во западниот регион Хмељницки, шест лица се повредени во Запорожје, а тројца се водат како исчезнати. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан