• петок, 22 ноември 2024

Хари и Меган биле изложени на опасна бркотница на папараци со коли во Њујорк 

Хари и Меган биле изложени на опасна бркотница на папараци со коли во Њујорк 

Вашингтон, 17 мај 2023 (МИА) Принцот Хари и неговата сопруга Меган биле вовлечени во опасна брканица со коли на папараци во Њујорк, што можело да резултира во „катастрофален“ исход,  изјави нивниот портпарол. 

Кралскиот пар од Сасекс бил следен од фотографи по заминувањето од настанот со доделува на наградите „Жена на визијата“ во холот Зигфелд во Њујорк. Во конвојот коли се наоѓала и Дориа Регланд, мајката на Меган. 

Според портпарлот, Хари и Меган биле потресени од инцидентот, иако на крајот никој не бил повреден. 

Полицијата изјави дека „бројни“ фотографи го „отежнале“ транспортот на парот од Сасекс  но дека немало пријавени повреди или апсења. 

Според изјавите, судирот со фотографите траел подолго и вклучувал бројни сообраќајни прекршоци. 

-Војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Регланд синоќа беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со коли на група мошне агресивни папараци, изјави портпаролот. 

Крис Санчез, член на обезбедувањето на парот, за Си-ен-ен изјави дека следењето на папараците било хаотично. 

-Она со што се соочивме беше мошне хаотично. Имаше околу десеттина возила: коли, скутери и велосипеди. 

Парот од Сасеск на крај безбедно пристигнал во апартманот каде биле сместени, „но на многу места пешаците биле ставени во опасност“. Од обезбедувањето изјавија дека парот подоцна ги заменил возилата.  

Си-ен-ен јавува дека полицијата инцидентот не го опишала толку „сликовито“ како што било кажано од придружбата. кб/ссм/

Остани поврзан