• понеделник, 23 декември 2024

Харис го нарече Трамп „крајно неодговорен“ за ширење дезинформации за владиниот одговор на ураганот „Хелена“

Харис го нарече Трамп „крајно неодговорен“ за ширење дезинформации за владиниот одговор на ураганот „Хелена“

Вашингтон, 8 октомври 2024 (МИА) - Американската потпретседателка Камала Харис го нарече поранешниот шеф на државата Доналд Трамп „крајно неодговорен“, бидејќи, како што рече, „шири лаги за владиниот одговор на ураганот Хелена“.

-Има многу лаги и дезинформации кои се шират од страна на поранешниот претседател за тоа што се обезбедува, особено за преживеаните од „Хелена“. Тоа е крајно неодговорно, им рече Харис на новинарите пред да се качи на претседателскиот авион за да полета за Њујорк.

Ураганот „Хелена“ уби повеќе од 220 луѓе во шест американски држави додека ураганот „Милтон“ се приближува до брегот на Флорида.

Харис рече дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби има многу ресурси на располагање на луѓето на кои им е потребна. Со своите ресурси, агенцијата им помага на луѓето да застанат на нозе и да ги обноват своите домови, рече таа.

Пред неколку дена милијардерот Илон Маск се појави со Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија. Веќе во јули сопственикот на производителот на автомобили „Тесла“ и социјалната мрежа „Х“ јавно се изјасни за поддршка на Трамп на претстојните претседателски избори.

Пенсилванија се смета за клучна држава и за Трамп и за неговата демократска противкандидатка Камала Харис во претседателската трка на 5 ноември.Трамп за утре планира два собира во државата - во градовите Скрентон и Рединг. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан