• вторник, 09 јули 2024

Харден се надева дека ќе се врати во ростерот оваа недела

Харден се надева дека ќе се врати во ростерот оваа недела

Филаделфија, 28 март 2023 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден го пропушти натпреварот со Денвер 111:116 во понеделникот поради проблеми со ахиловата тетива.

 

Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, Харден се надева дека ќе се врати на теренот до крајот на оваа недела.

 

Харден сезонава има просек од 21,4 поени, 6,3 скока и 10,8 асистенции по натпревар.

 

Филаделфија е на третата позиција во Источната конференција на НБА-лигата со биланс 49 победи и 26 порази. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан