• петок, 22 ноември 2024

Харден сака нов договор со Филаделфија

Харден сака нов договор со Филаделфија
Филаделфија, 30 јуни 2022 (МИА) – Една од актуелните ѕвезди во НБА-лигата, Џејмс Харден, нема да ја искористи опција за продолжување на договорот со Филаделфија на уште една сезона и поради тоа нема да ги добие загарантираните 47,3 милиони евра. Триесет и двегодишниот Американец ќе стане слободен играч на трансфер-пазарот и од таква позиција се очекува да потпише нов договор со Сиксерси по поволни услови. Харден минатата сезона настапи на 21 натпревар за Филаделфија, а во просек имаше 21 поен, седум скока и 10,5 асистенции. Во Филаделфија се задоволни од настапите на Харден и веруваат дека со него во составот, тимот може да оствари големи резултати. Џејмс Харден во Филаделфија дојде во февруари оваа година од Бруклин како дел од размената со Бен Симонс. зс/

Остани поврзан