• понеделник, 23 декември 2024

Харден реагираше на информацијата дека може да се врати во Хјустон

Харден реагираше на информацијата дека може да се врати во Хјустон

Филаделфија, 26 декември 2022 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден реагираше на информациите дека може да се врати во Хјустон.

- Сега сум во Филаделфија, прикажуваме одлична игра. Не знам од каде доаѓаат овие гласини. Ми се допаѓа сегашниот клуб, Сиксерси продолжуваат да стануваат  посилни, изјави Харден за „Bleacher Report“.

null

Претходно беше објавено дека 33-годишниот Харден не планира да го продолжи договорот со Филаделфија и размислува за враќање во Хјустон летото 2023 година.

Американецот играше за Рокетс од 2012 до 2021 година. зс/

Остани поврзан