• петок, 22 ноември 2024

Хант: Инфлацијата поголема од 10 проценти ја дестабилизира британската економија

Хант: Инфлацијата поголема од 10 проценти ја дестабилизира британската економија

Лондон. 19 април 2023 (МИА) – Британскиот министер за финансии Џереми Хант денеска изјави дека британската Влада планира да ја намали инфлацијата во земјата која надминува 10 отсто, поради опасноста таквата инфлација да ја дестабилизира економијата на Велика Британија.

- Кога инфлацијата е над 10 отсто, тоа е дестабилизирачко за економијата. Не е добро и, на крајот на краиштата, е опасно ако остане толку висока, рече Хант на настан организиран од Политико.

Според официјалните податоци, објавени претходно денеска, во Велика Британија е забележан помал од очекуваниот пад на инфлацијата на годишна основа и таа сега е на ниво од 10,1 отсто. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан