• недела, 22 декември 2024

Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет

Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет

Техеран, 23 јули 2023 (МИА) – Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера кажа дека луѓето кои го сквернават Куранот треба да се соочат со „строги казни“ и дека Шведска „појде во војна против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните.

Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји.

-Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската Влада е да го предаде сторителот на судските системи на исламските земји, објави Хамнеи преку иранските државни медиуми.

Демонстрантите во Шведска во четвртокот шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци.

Британските медиуми потсетуваат дека стотици демонстрати во четвртокот рано утрината упаднаа во шведската Амбасада во центарот на Багдад и ја запалија во знак на протест против најавеното за истиот ден палење на светата книга на исламот во Шведска.

Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот. сд/

Остани поврзан