• понеделник, 23 декември 2024

Хамилтон: Ги убедував во Сингапур да стартуваме со „медиум“ пневматици, не ме послушаа

Хамилтон: Ги убедував во Сингапур да стартуваме со „медиум“ пневматици, не ме послушаа

Лондон, 29 септември 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, проговори за контроверзната стратегија поради која го освои само шестото место на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур.

- Знам дека многу се зборува за последната трка и нашата стратегија во Сингапур што едноставно не функционираше. Природно е да се чувствувате фрустрирани кога ќе се случи нешто вакво, и ми беше лесно да ја изразам таа фрустрација. Знаевме дека започнувањето со меки гуми е храбра и ризична одлука. Јас ги убедував да тргнеме со „медиум“, но одлуката беше таа и на крајот се согласив со оваа препорака. Покрај тоа, погрешно пресметавме што би можеле да направат нашите противници, изјави Британецот.

Сепак, Хамилтон вели дека атмосферата во тимот е на високо ниво.

- Не се сомневајте дека се е одлично со нашиот тим. Во успешното партнерство, мора да поминете низ некои ниски падови пред да имате некои високи. Не се плашиме од тешки дискусии и тешки моменти - затоа постигнавме толку многу заедно. Ќе се поддржуваме до самиот крај. Сето тоа е љубов, рече Луис.

Следната етапа во Формула 1 шампионатот е од 18 – 20 октомври во САД. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан