Хамас соопшти дека не го добил планот за прекин на огнот во Газа предложен од Трамп
- Палестинското милитантно движење Хамас денеска соопшти дека не го примило планот за прекин на огнот во Појасот Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, откако израелските медиуми објавија дека групата го прифатила предлогот.
Газа, 27 септември 2025 (МИА) - Палестинското милитантно движење Хамас денеска соопшти дека не го примило планот за прекин на огнот во Појасот Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, откако израелските медиуми објавија дека групата го прифатила предлогот.
„На Хамас не му е презентиран никаков план“, изјави за Ројтерс анонимен функционер на Хамас.
Израелскиот весник „Хаарец“ претходно објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека Хамас начелно се согласил да ги ослободи сите израелски заложници кои ги држи, во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на израелските трупи според планот на Трамп, пренесува агенцијата. рп/
Фото: МИА архива