Хамас потврди дека во израелски напад врз предградие на Бејрут загинал нивни висок функционер
- Ел Арури бил заменик лидер на Хамас во странство и наводно имал важна улога во организацијата на терористичките напади на Западниот Брег, јавија израелски медиуми.
Бејрут, 2 јануари 2024 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас потврди дека нејзиниот висок функционер Салех ал-Арури бил убиен во денешниот израелски напад врз предградие на Бејрут.
Ел Арури бил заменик лидер на Хамас во странство и наводно имал важна улога во организацијата на терористичките напади на Западниот Брег, јавија израелски медиуми.
Вкупно шест лица загинаа во нападот во кој беа погодени просториите на Хамас во преградието Дахиех, јави либанската телевизија Ел Мајадин. Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.
Претседателот на Ликуд, партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Дени Данон се огласи на социјалните мрежи за да ги пофали израелските безбедносни сили за убиството на Ел Арури. зш/
фото ЕПА