• сабота, 23 ноември 2024

Хамас не се согласува на договор за заложниците без сеопфатен прекин на огнот

Хамас не се согласува на договор за заложниците без сеопфатен прекин на огнот

Доха, 9 јули 2024 (МИА)  -  Неименуван функционер на палестинската милитантна организација Хамас потврди за саудиската новинска агенција Ал Арабија дека не се точни извештаите за тоа дека групата начелно се согласила со договор за ослободување на заложниците што не гарантира „сеопфатен прекин на огнот“, нагласувајќи дека второто основно барање на Хамас е „целосно повлекување на Израел од Појасот Газа“.

Израел и натаму инсистира на тоа дека нема да се согласи на прекин на војната во Газа пред да се исполнат сите негови воени цели, вклучително и уништување на Хамас и враќање на сите 120 заложници кои се уште се во Газа, пишува „Тајмс од Израел“.

Извор од агенцијата Ал Арабија потврди дека покрај утрешните разговори во Доха, во четврток ќе има и разговори во Каиро.

Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, утре треба да се сретне со американскиот и египетскиот колега и со катарскиот премиер.

Неименуваниот извор од Хамас додаде дека Израел сака само да разговара за ослободување на заложниците, додека Хамас сака „сеопфатни преговори“.сд/

Остани поврзан