• недела, 22 декември 2024

Хамас го обвинува Израел за експлозиите во Либан: Потегот ја загрозува регионалната стабилност

Хамас го обвинува Израел за експлозиите во Либан: Потегот ја загрозува регионалната стабилност

Газа, 18 септември 2024 (МИА) – Терористичката група Хамас објави соопштение во кое го обвинува Израел за бранот експлозии насочени кон комуникациските уреди на Хезболах во последните два дена и вели дека овој потег ја загрозува регионалната стабилност.

- Силно ја осудуваме обновената и тековната ционистичка агресија врз братскиот либански народ, се вели во соопштението на Хамас, додавајќи дека нападите „сега ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на регионот“.

Израел не ги коментираше експлозиите во Либан. јт/

Остани поврзан