• петок, 20 декември 2024

Халеви: Ќе се бориме во Газа цела година, тоа е сигурно

Халеви: Ќе се бориме во Газа цела година, тоа е сигурно

Тел Авив, 8 јануари 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви вчера навести дека може да има долгорочен конфликт во Појасот Газа, велејќи дека 2024 година ќе биде „година на предизвици“.

-Ќе се бориме во Газа цела година - тоа е сигурно, рече Халеви за време на посетата на окупираниот Западен Брег.

Тој додаде дека израелската армија му нанесува „голема штета“ на Хезболах, поради нападот на либанската милитантна група на северот на Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан